Здружението на граѓани ЦЕФЕ Македонија вчера одржа бизнис средба во Американското Катче Скопје во рамките на проектот „Зошто да одите во странство, кога можете да останете и да ја развивате вашата држава?“, финансиран од Амбасадата на САД во Македонија.
Целта на проектот е преку информативни и практични пораки да се придонесе кон превенција на одливот на таленти од државата и да се поттикнат младите на претприемнички активности. Истиот е имплементиран од ЦЕФЕ Македонија во партнерство со Здружението за граѓански активизам ФОРУМ 16 – Битола и Центар за одржливост и напредна едукација Битола.
Целта на бизнис средбата е да се промовираат девет едукативни видеа за претприемаштво снимени во рамките на проектот, во кои говорат лица од различни сектори (бизнис, јавен, образовен, граѓански) за можностите и поддршката на претприемачите во Македонија и за развој на претприемaштвото, споделувајќи иновативни идеи и одлични пораки. Овие видеа во текот на април се промовираат низ 6 различни градови во Македонија, меѓу кои и Скопје. На средбата се дискутирше за изворите на поддршка кои во моментов им се на располагање на претприемачите и начините како да се поттикнат што повеќе млади лица иднината да ја гледаат во претприемаштвото. Присутни беа претставници од бизнис, јавниот и невладниот сектор.
Средбата претставуваше одлична можност за вмрежување, поставување прашања и добивање информации за претприемаштвото во земјата.
Повеќе информации за проектот на следниот линк: http://cefe.mk/Investiraj/.