Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и
на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се променуваат, односно остануваат на
исто ниво, како што биле утврдени со претходната одлука, одлучија регулаторите.
Според тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,00 ден/лит, малопродажната цена на дизелот
ЕУРОДИЗЕЛ е повторно 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното
масло за домаќинство изнесува 49,50 ден/лит.
Единствено мало зголемување бележи цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, којашто се зголемува за 0,50 ден/лит и со тоа изнесува 67,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,848 ден/кг и во следната недела ќе биде
33.003 ден/кг.
Фото: Pexels