Цените на нафтата близу 49 долари

43

Цените на нафтата на меѓународните пазари се задржаа на ниво од околу 49 долари, бидејќи инвеститорите се во очекување од водечките производители по одложување на официјалниот состанок на којшто требаше да стане збор за ограниченото снабдување со овој енергенс.

На лондонскиот пазар, цената на еден барел поевтини за 19 центи, на 47,69 долари. На американскиот пазар, нафтата поевтини за 36 центи на 44,98 долари. И на двата пазари, во текот на ноември, нафтата поскапе за околу 27%, поради надежта на инвеститорите од вакцините против коронавирусот и глобалната побарувачка за гориво.

Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, предводени од Русија, ги одложија преговорите за производство за следната година, бидејќи главните “актери“ уште не донеле конечна одлука.

Фото: Freepik