Фото: Pixabay
Инженери од Јавното комунално претпријатие Thamas Water во Велика Британија развија иновативен градежен материја добиен од отпадните води од канализацијата.
Вообичаено, големите количини на отпадни води се сушат, а остатоците од цврсти материи се палат, по што од целиот процес се генерира електрична енергија. Пепелот што останува од процесот на согорување, заедно со јаглерод диоксид, вода, песок и мала количина на цемент, формира синтетички агрегат за производство на овој иновативен градежен материјал. Станува збор за тули што тежат околу 17 килограми и може да се користат при изградба на различни објекти.
Ако годишно се произведуваат околу 18.000 тони од овој материјал, тоа ќе биде доволно за создавање на околу 2,3 милиони тули што би се користеле на градилиштата во Лондон и неговата околина.