Турција: 100 тони злато од “под перница“ се враќаaт во економијата

201

Банки и златарници во Турција помогнаа 100 тони злато сокриено во домовите да се врати во финансискиот систем, но се верува дека остануваат од три до пет илјади тони сокриени “под перница“, пренесува Daily Sabah.

“Свесни сме за фактот дека околу 3.000 до 5.000 тони злато се чува во домовите, што претставува неформална економија во вредност од 200 до 300 милијарди долари. Доколку овој износ се стави повторно во циркулација, тоа може да биде решение за големи финансиски проблеми на земјата“, вели Ајше Есен, главен извршен директор на Istanbul Gold Refinery (IAR).

Многу луѓе во Турција, којашто има многу ниска стапка на заштеди меѓу големите економии, чуваат злато како сигурност за “црни денови“, наместо да ги користат продуктите што ги нудат банките.