Турција: Со камери да се намали опасноста од несреќи на работното место

110

kameri

Работните места во Турција, особено градилиштата и рудниците мора да постават безбедносни камери за да се намали бројот на несреќи, сугерира работничкиот синдикат. Безбедносните камери може да играат клучна улога во дополнителниот надзор на многу работни места каде што е тешко да се утврди причината за несреќа, вели претседателот на конфедерацијата на работнички синдикати, Ведат Озтурк за весникот Заман.

Истражувањата покажуваат дека во Турција во несреќи на работа страда најмалку еден работник дневно. Озтурк истакна дека властите треба да ги охрабрат работниците и работодавачите да следат построги безбедносни стандарди на работните места, како градежните зони и рудниците и ја повика владата да биде задолжително на работните места да се инсталираат камери за надзор.

“Видео снимката ќе биде корисна за идентификување кој е одговорен за кршење на прописите за безбедност. Од снимките инспекторите ќе можат да ги утврдат причините за несреќите, дури и во тешко видливи области”, вели Озтурк.

Тој сугерира снимките да се чуваат до 10 години во државниот архив.