Турците и во септември се најбројни туристи во земјава

91

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2024 година изнесува 134 829, од кои 24.6 % се домашни туристи, а 75.4 % се странски туристи.

И во месец септември најбројни се туристите од Турција 34.844, следуваат туристите од Србија со 8.155, Германија  5.607, Полска 4.717, а прввата петорка ја заокружуваат туристите од Холандија со 3.594 туристи.
Бројот на ноќевањата во септември 2024 година изнесува 262 632, од кои 31.9 % се од домашните туристи, а 68.1 % од странските туристи.
Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3 %, и тоа: кај домашните туристи има намалување за 1.2 %, а кај странските има зголемување за
14.2 %.
Во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.2 %, а кај странските има зголемување за
8.8 %.