Повеќе од 25 туроператори од Северна Америка и Западна Европа членки на Асоцијацијата за авантуристички туризам, заедно со шест новинари од популарни странски медиумски куќи денеска го посетија манастирскиот комплекс Трескавец.
Се запознаа со црковниот храм од 18. век посветен на успение на Пресвета Богородица и ја разгледаа живописната околина која изобилува со терени за полетување на параглајдеристи, но и со љубителите на болдерингот, јавува Миа.
Групата од 25 туроператори во Македонија престојуваат неколку дена со посредство на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија и Центарот за развој на Пелагонискиот регион.
Нивниот престој во нашите краишта освен дегустацијата на локална храна и специјалитети, вклучува и интеракција со локалната култура и традиција, како и откривање на туристички терени за авантуристички спортови.
Во манастирскиот комплекс туроператорите ги пречека и градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески и духовникот во манастирот Трескавец отецот Калист.