Турското Министерството за финансии покрена иницијатива за собирање даноци од онлајн рекламирање на пазарот. Иницијативата се фокусира на собирање на даноци од разни странски интернет страници кои имаат значителен приход од онлајн рекламирање, како што се Фејсбук и Твитер.
“Секоја компанија која заработува пари во Турција, ќе плаќа данок во Турција, вклучувајќи ги Фејсбук, Твитер и останатите. Од онлајн рекламирање на пазарот сега се заработуваат до една милијарда евра, а 70% од приходот оди во странство, без заработката да биде оданочена”, изјави турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, пренесува Хуријет.
Шимшек додаде дека министерството ќе ги финализира прописите поврзани со предлогот да се оданочуваат приходите од онлајн рекламите остварени во Турција, без оглед на потеклото на компанијата.
Онлајн пребарувачите и социјалните мрежи се повеќе и повеќе заработуваат од онлајн рекламирање. За рекламирање на овие интернет страници генерално се плаќа со кредитна картичка, па парите одат во странство веднаш, без да се оданочуваат, како резултат на потпишани меѓувладини договори за спречување на двојно оданочување за компаниите. Таков е случајот и во Турција.
Google заработува 45 милијарди долари годишно од онлајн реклами, околу 22 до 23 милијарди се од Европа, но точната сума што се одлева од Турција не е позната.