Претседателот на Стопанска комора Белград, Милан Јанковиќ е уапсен вчера поради сомнение дека ја злоупотребил службената положба, оштетувајќи ја Комората за околу 190.000 евра.
Јанковиќ пријавил дека нема решено станбено прашање, па му е доделен стан од 102 метри квадратни, кој Комората го платила 224.000 евра. Веднаш потоа Јанковиќ поднел барање за откуп на станот и го откупил за 34.000 евра. Во тоа му помогнала генералниот секретар на комората, Ивана Зељковиќ, спротивно на Статутот на Комората и без одлука на Управниот одбор, стои во соопштението на министервството за внатрешни работи, јавува Танјуг.
На Јанковиќ му е одредено задржување од 48 часа.
Јанковиќ неодамна беше во центарот на медиумското внимание поради аферата дека ја фалсификувал дипломата од Економскиот факултет од Сараево, врз основа на која магистрирал и докторирал.
Милан Јанковиќ на чело на Комората е од 2000 година и зад себе има многу награди, вклучувајќи ја и наградата за Менаџер на годината.