Фото: Pixabay
Универзитетот Оксфорд планира да издаде обврзници во вредност од 250 милиони британски фунти (околу 279,6 милиони евра) со рок на достасување од 100 години, пишува The Guardian.
Со тоа, оваа високообразовна институција со долга традиција ќе собере пари за инвестиции од меѓународниот пазар на капитал. Оксфорд ја назначи инвестиционата банка JP Morgan да ја издаде обврзницата, што се очекува да биде атрактивна за пензиски и слични инвестициони фондови што бараат стабилна долгорочна инвестиција.
Ова не е прв пат високообразовна институција во Велика Британија да го финансира своето работење преку издавање на обврзници. Во 2012 година, Кембриџ издаде обврзници вредни 350 милиони фунти (околу 391,4 милиони евра), што ги искористи за реализација на голема програма за инвестиции.