Горивата од полноќ поскапуваат, овојпат сите за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Па така, литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 61 денар, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе биде 63 денари. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 52,50 денари за еден литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 52 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,428 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 22.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,824 ден/кг.
Фото: Freepik