Миа Трпезановска има 12 години и е член на ЦЕЕД ЕДУ. На една од средбите на ЦЕЕД ЕДУ се зборуваше за тоа како е создаден ланецот Хард Рок Кафе, а членовите добија задача оваа приказна да ја поврзат со македонски пример на ланец што почнува да се создава. Миа како ланец во подем ги препозна Мекиците од Стража и зборуваше со Игор Николоски.
Ова е текстот на Миа:
Сигурна сум дека секој од нас кога одел накај Охрид, барем еднаш застанал на Стража и пробал од преубавите мекици или Мекиците од Стража. Инспирирана од успешната приказна на Хард Рок кафето, реков да позборувам со сопственикот на рестораните Мекиците од Стража – Игор Николоски и да дознам дали имаат нешто заедничко.
Кога го отворивте првиот ресторан и каде?
Првиот ресторан го отворија моите родители во 1989 година на Стража, а пред неколку години јас и брат ми се решивме и отворивме уште еден ресторан во центарот на Скопје.
Дали имате некоја традиција што ја правите секоја годинa? Која е таа?
Секоја година имаме за традиција да припремиме некој хуманитарен настан.
Која музика најчесто ја слушате во ресторанот?
Во рестораните најчесто се слуша блуз, џез-блуз и рок-блуз. Можам да бидам поконкретен и да ги именувам и музичарите кои најчесто се пуштаат во рестораните, тоа се Бади Гај, ББ Кинг и Ерик Клептон.
Какво е менито?
Убаво, многу вкусно (се смее). Имаме повеќе видови менија: традиционален доручек, кафиња и десерти, ручек и вечера и healthy way – здрава храна.
Дали знаете колку гости ви дошле до сега?
Во просек годишно имаме околу 300.000 посетители.
Дали имате нешто што е слично со кафулето Hard Rock Caffe? Што е тоа?
Пред неколку години имавме соработка со детскиот фестивал Златно славејче, каде што сите што имаа купено карти за фестивалот добиваа по една мекица. Исто така додека се одржуваше настанот Види музика – слушни слика – добиј книга минатата година, на сите гости додека траеше настанот им подарувавме книга со посвета.
Дали состојките на јадењата се свежи и од каде се?
Секако, свежи се и од домашно македонско потекло. Сите јадења и суровините кои се употребуваат за подготовка на јадењата се строго контролирани пред да се набават.
Кој јадења најчесто гостите ги нарачуваат, освен, нормално мекиците?
Освен мекиците најнарачувани производи се кафињата и десертите, како што се топлото чоколадо и чиз кејкот.
Имате ли некои новитети во ресторанот?
Имаме ново мени, односно Хелти фуд менито, каде што на клиентите им нудиме интегрални сендвичи, мусли доручек и лосос како ручек.
Благодарам Игор на одвоеното време за разговор.
Нема на што Миа, и мене ми беше задоволство.