Успешен тим значи и успешен бизнис. Тимската работа е клучна за постигнување на добри резултати. Поединецот може да направи многу, но силата е токму во тимот, а еве кои се карактеристиките што треба да ги има:
Одлична меѓусебна комуникација
Добрата комуникација е појдовна точка за еден тим да биде успешен. Тоа подразбира споделување на идеи, ставови, разменување на мислења, како и внимателно слушање на останатите од тимот.
Фокусираност на резултати
Успешниот тим се фокусира на крајната цел, а не на тоа кој колку сработил. Секој член знае што треба да направи индивидуално и како тоа ќе придонесе за целиот тим.
Меѓусебна поддршка
Без разлика што и да се случува, секој член од тимот е подготвен да помогне доколку може. Никој не се воздржува да побара помош, а секој е тука кога истата е потребна.
Различни вештини и знаења
За еден тим да биде успешен потребно е членовите да имаат различни способности. Така меѓусебно ќе се надополнуваат и ќе се постигне она што е потребно за успешно завршена задача.
Добро лидерство
Тимот мора да има добар лидер, кој ќе настојува секој да биде третиран фер и работата подеднакво да се дели. Лидерот е многу важен за целокупниот успех, не само на тимот, туку и на целата компанија.
Фото: Pixabay