NatWest, банка од Велика Британија, тестира кредитна картичка којашто овозможува трансаксии преку отпечаток од прст.
Биометриската картичка е креирана во соработка со MasterCard и фирмата за дигитална безбедност Gemalto. Ќе се тестира во период од три месеци, а во процесот ќе бидат вклучени 150 клиенти.
Доколку бесконтактната трансакција е поголема од 30 фунти (36,66 долари), за верификација на истата се користи отпечаток од прстот на клиентот, пишува CNBC.
Ако сумата надмине 100 фунти, (122,3 долари) картичката се става во терминалот, а потврдата повторно е од отпечатокот.
При подигнување на пари од банкомати, клиентите ќе мораат да го впишат својот PIN. Кредитната картичка може на овој начин да се користи и за купување на производи онлајн.
Корисниците ќе можат да го регистрираат својот отпечаток на картицата дома. Кога истиот ќе биде “заклучен“ не може да се менува.
Според NatWest, биометриските податоци не се споделуваат со трговецот или банката.
Фото: Pixabay