Венеција сака да ги забрани куферите на тркалца, казна од 100 до 500 евра

44

venecia

Еден од најубавите и најатрактивни градови во светот, Венеција, планира да ги забрани куферите со пластични тркалца, поради бучавата што ја создаваат и за тоа се предвидени казни од 100 до 500 евра, пишува италијанскиот портал Imolaoggi.it.

Се очекува овие нови прописи да стапат на сила од мај следната година, со цел да се намали бучавата што ја предзивикуваат околку 27 милиони туристи од целиот свет со нивните куфери.

Тамошните власти се надеваат дека производителите на куфери ќе се пренасочат кон производство на тркалца со воздушно полнење за да може да се намали вревата од гумените тркалцка што ги движат куферите по поплочените улици на градот на вода.