Ви “снема“ мотивација?

52

Мотивацијата може да ја анализираме како гориво што ни е неопходно за да може да работиме, да совладуваме пречки, да надминуваме предизвици, да учиме, истражуваме, создаваме… Што се случува во оние моменти кога “ќе светне резерва“ и имаме чувство дека немаме мотивација за да направиме нешто. Доколку се наоѓате во таква ситуација, овие совети би ви биле од посебна корист:

Квалитет на живот

Подразмислете дали доволно се грижите за себе и своето здравје? Преиспитајте ги своите навики и дали правите нешто што може да му наштети на вашето ментално и физичко здравје. Можеби токму некоја лоша навика ви го нарушува сонот, па поради тоа немате концентрација, се чувствувате изморено и имате помалку мотивација за работа. Затоа, обидете се да внесете нови и здрави навики, физичка активност, балансирана исхрана, хоби… сè она што може да направи да се чувствувате убаво и задоволно.

Постојано барајте начин да се усовршувате и подобрувате

Учењето нови вештини, стекнување нови знаења, запознавање нови луѓе, сите овие работи можат да направат да се чувствувате посигурно во себе, посамоуверено, па дури и кога се соочувате со некој кризен момент, многу полесно ќе ги надминете потешкотиите.

Научете да се водите според вашите приоритети

Научете да не ја трошите енергијата, времето, трпението и нервите на работи што не ги сакате, што ве прават да се чувствувате неисполнето. Секогаш водете се од личните приоритети, оние работи што сметате дека се важни за успех на вашиот план, проект или бизнис. Така и вашите колеги ќе ја разберат фокусираност што ја имате и ќе го земат примерот од вас. На тој начин секој ќе знае што точно работи, на што обрнува внимание, што му е приоритет во тој момент и какви ресурси има на располагање за нивно исполнување.

Фото: Pixabay