Вилма Учета Дузлевска – нов генерален директор на Триглав осигурување – живот

508

Компанијата Триглав осигурување – живот овие денови доби нов генерален директор и извршен член на одбор на директори. Вилма Учета-Дузлевска ја презеде челната позиција во компанијата по поминати неколку мандати на извршни позиции во областа на осигурувањето.

Учета-Дузлевска е добитник на годинешната награда Business Elite’s 40 under 40 како една од најуспешните млади бизнис лидери во Југоисточна Европа.

Компанијата Триглав осигурување – живот АД Скопје како дел од Групацијата Триглав, која е воедно најголемата осигурително-финансиска групација во регионот Адрија, на македонскиот осигурителен пазар постои од 2017 година.