ВИП донира постелнина за детската болница Козле

49

vipМобилниот оператор ВИП донираше 1.200 парчиња различен вид постелнина вредна 490.000 денари на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле.

Директорот на Институтот, Оливер Зафировски, се заблагодари за големата донација од болничка постелнина, која, како што рече, им е неопходна и ќе го подобри квалитетот на престојот на децата во таа јавна здравствена установа.

“Нашава институција е една од најголемите во Македонија во областа на пулмологијата и алергологијата и тука поминуваат над 4.000 хоспитално – болни и од 25.000 до 30.000 деца во нашите амбуланти”, истакна Зафировски.

Во знак на благодарност тој и врачи плакета на Даниела Начевска Стојчевска, одговорна за корпоративни комуникации во ВИП. Таа се заблагодари за плакетата и истакна дека донацијата веќе претставува една нивна традиција во областа на здравството. Посочи дека од почетокот на нивното работење донираат како во здравството, така и во други сфери, со цел унапредување на заедницата и животот во Македонија.

“Се надеваме дека новата постелнина ќе го исполни капацитетот не само во оваа болница, туку и во новиот објект кој се гради и ќе го подобри престојот на дечињата во таа здравствена институција”, додаде Начевска Стојчевска.