ВИП со нов маркетинг директор

41

resize Гернот Раш е назначен за нов главен маркетинг директор, соопшти денеска операторот ВИП. Раш, кој има широко меѓународно искуство, вклучувајќи го и учеството во тимот задолжен за подготовки за почеток на работата на ВИП на македонскиот пазар. Раш доаѓа во компанијата од позицијата маркетинг директор во Випнет во Хрватска.

„На почетокот на 2007 година минав неколку месеци во Скопје и сум запознаен со операциите уште од самиот почеток. Неверојатно е да се види огромната успешна приказна создадена во последните 7 години и со нетрпение очекувам да се приклучам кон тимот и да добијам шанса заеднички да се соочиме со предизвиците и успесите во иднина. Она што можам да го ветам е дека ќе продолжиме да им овозможуваме повеќе на корисниците во Македонија”, изјави Раш.

Тој новата функција официјално треба да започне да ја извршува од први април. Претходно, главен маркетинг директор на ВИП беше Џакомо Тоњони.

Раш својата кариера ја започнал во Телеком Австрија Групацијата во 2004 година во Виена, извршувајќи разни позиции во маркетинг секторот на мобилниот оператор А1.

Студирал на Универзитетот за економија и бизнис администрација во Виена и постдипломски студии на Лондонската школа за бизнис и INSEAD.