ВИП со нова понуда за припејд корисниците

133

menubanner Почнувајќи од денеска, Вип им нуди можност на сите припејд корисници да остваруваат долги разговори без дополнителни трошоци за активација.

Секој припејд корисник кој сака да ја користи новата тарифа Vip Simple едноставно треба да испрати СМС со текст START на 1455 најдоцна до 31март оваа година, со што бесплатно ќе биде префрлен на нова тарифа и ќе може да ужива во долгите разговори.

Со Vip Simple припејд корисниците добиваат можност да зборуваат за само по 3,9 денари по повик кон сите национални мрежи без разлика на времетраењето на повикот.

Тоа е единствена понуда која има важност од активирањето 30 дена и се продолжува автоматски за 30 дена со секоја надополна на сметката од најмалку 100 денари, без дополнителни трошоци за активација. Во рамки на Vip Simple воспоставувањето на повик не се наплатува, цената на СМС пораките е 2,9 денари. Доколку корисникот кој ја одбрал Vip Simple не изврши надополна во рок од 30 дена по активирањето на тарифата, цената за разговор кон сите национални мрежи изнесува 7,9 денари за целиот разговор, а СМС пораката 5,9 денари.

„Со оваа тарифа на припејд корисниците им овозможуваме слободна комуникација со навистина долги разговори, и едноставен начин за користење и следење на состојбата на сметката. Уверени сме дека повторно ги пресретнуваме потребите на припејд корисниците и им нудиме повеќе разговори и повеќе вредност, изјави Џакомо Тоњони, главен маркетинг директор на Вип.

Сите Vip Припејд корисници со секое надополнување од најмалку 150 денари добиваат дополнителен бонус кредит од 10%, кој може да го искористат по сопствена желба.