Virgin Galactic стана првата компанија за вселенски туризам којашто котира на берза.
На овој чекор претходеше сојуз со Social Capital Hedosophia, а акциите на новата компанијата Virgin Galactic Holdings, Inc. вчера беа купени и продадени на Њујоршката берза под кратенката SPCE.
“Тргувањето на берза е многу важен момент за Virgin Galactic, од причина што обезбедува потенцијални финансии“, велат оттаму.
Спојувањето што се случи на 25-ти овој месец, SCH ѝ обезбеди на новата холдинг компанија 450 милиони како примарен приход, пишува New Atlas.
Virgin Galactic Holdings веќе има 80 милиони во депозити од 600 луѓе во 60 различни земји, кои имаат резервирано “вселенски престој“, потенцијален приход од над 120 милиони долари и пазарна капитализација од 2,3 милијарди долари.
Фото: Virgin Galactic