Фото: Pixabay
Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2018 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 669.987 МWh електрична енергија, 27.556 мил. нм3 природен гас, 565.853 тони јаглен и 83.099 тони нафтени продукти.
Бруто домашното производство на електрична енергија учествува со 73,9% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95,8% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.