Фото: Pixabay
Ги користиме секојдневно, а не сме свесни колку бактерии можат да пренесат. Еве кои се највалканите предмети/уреди во домаќинствата.
Штица за сечење
Освен бактерии на неа може да има и мувла, па затоа добро измијте ја после користење со жешка вода и средство.
Рачките/копчињата на шпоретот и рерната
Барем еднаш неделно извадете ги (доколку се вадат) и темелно исчистете ги.
Работната површина во кујната
Иако секој ден ги бришете, сепак тие се повалкани од што мислите. Затоа, внимавајте КАКО ја одржувате хигиената во овој дел на кујната.
Рачките на чешмите за вода
Чешмите за вода треба секојдневно да се чистат со средство наменето за тоа, во спротивно ризикувате да закачите некоја бактерија.
Апаратите за кафе
Некако ги забораваме овие уреди кога станува збор за чистењето, а сепак не треба да биде така. Одржувајте ја редовно хигиенета на апаратот за кафе, но прво внимателно прочитајте го упатството.
Држачите за четка за заби
Редовно мијте ги држачите, односно местата каде ги чувате четките, со жешка вода и средство барем два пати неделно, а менувајте ја четката штом влакната ќе почнат да губат форма.
Мијалниците во кујната
Можеби е чудно, но кујнските мијалници се вистинско место за развој на бактерии. За да не дојде до тоа минимум два пати неделно треба темелно да се чистат со абразивно средство. Не заборавајте да ја исчистите и цедалката и одвреме – навреме да ставите соодветно средство и во одводната цевка.
Кујнските крпи и сунѓери
Токму предметите со коишто ги миеме чиниите и ја чистиме кујната содржат најмногу бактерии и мувла. Сунѓерите чувајте ги на суво и менувајте ги на две недели, а останатите крпи за чистење мијте ги во жешка вода секој ден.