Изградбата на третиот аеродром во Истанбул ќе започне во јуни, според турскиот министер за финансии Мехмет Шимшек, пишува весникот Хуријет.
Третиот аеродром во Истанбул е проектиран да биде најголемиот аеродром во светот, со капацитет од 100 милиони патници годишно.
“Третиот аеродром е неопходен за Турција. Овој аеродром ќе преземе дел од товарот на Ататурк”, вели Шимшек и додава дека двата аеродроми во Истанбул во моментов работат над капацитетите.
Бројот на патници на Ататурк аеродромот се зголеми на 73,3 милиони во 2013 година, што е раст од 11,8%.
Проектот трет аеродром во Истанбул е доделен на конзорциум од пет турски компании и ќе чини 22,1 милијарди евра.