Кој е градот со најмногу милијардери

108

Според Wealth-X, градот со најмногу милијардери во светот и понатаму е Њујорк.

Станува збор за податоци од документот Листа на милијардерите во 2020 година, којшто беше објавен оваа недела и за кој се собрани податоците во текот на 2019 година.

Во Њујорк живеат 113 милијардери, осум повеќе од лани, се наведува во извештајот.

На второ место по број на милијардери е Хонгконг, со 96 милијардери, што е пораст за девет, во однос на претходната година.

Следат Сан Франциско, Москва, Лондон, Пекинг, Сингапур, Лос Анџелес, Шенжен, Мумбаи, Дубаи, Сао Паоло, Истанбул, Хангџоу, Токио.

Овие 15 градови се дом на 29% од сите милијардери во светот. САД и Кина имаат по три градови во топ 15 – те градови.

Бројот на милијардери на глобално ниво минатата година се зголемил за 8,5% на рекордни 2.825.

Нивното комбинирано богатство се зголемило за 10,3% на 9,4 трилиони долари.

Според државите, најмногу милијардери живеат во САД, а ако се гледаат регионите, најмногу ги има во Европа.

Фото: Pixabay