Во септември издадени 296 одобренија за градење – во скопскиот регион општина Илинден со најмногу дозволи

94

Според податоците на Државниот завод за статистика, во септември 2024 година, се издадени 296 одобренија за градење, што е за 9.2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Во извештајниот период е предвидена изградба на 755 станови, со вкупна корисна површина од 67 372 м2.

Во скопскиот регион најголем број на издадени одобренија за градење  има во општина Илинден, вкупно 29 дозволи.

Бројот на издадени одобренија за градење според видот на инвеститорот изнесува 7 за физичко лице и 22 за деловен субјект.

Следуваат Центар со 9 дозволи, Гази Баба со 8 дозволи, седум се во Чучер Сандево. По три дозволи за градење издале општините Аеродром, Арачиново, Петровец, Сопиште. Општините Сарај и Шуто Оризари издале 2 доволи за градење, а по една дозвола за градење има во општините Бутел, Зелениково, Карпош, Студеничани и Чаир. Не е издадена ниту една дозвола за градење во општините Ѓорче Петров и Кисела Вода.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 517 775 илјади денари, што е за 12.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 146 (49.3 %) се наменети за објекти од високоградба, 90 (30.4 %) за објекти од нискоградба и 60 (20.3 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 296 објекти, на 131 (44.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 165 (55.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.