Србија на годишно ниво рециклира 53.000 тони гуми што според тамошната Aгенција за заштита на животната средина е одличен резултат, пишува Bizlife.
„Србија на својот пазар годишно има околу 36.000 тони гуми, а во комбинација со оние што се увезуваат таа бројка изнесува 53.000 парчиња годишно“, вели директорот на агенцијата Филип Радовиќ.
Србија исто така дава субвенции од 20 динари по килограм за рециклирање, што е најмногу споредено со останатите земји во регионот и токму затоа се поттикнува овој профитабилен бизнис.
При рециклирањето гумата се сече на парчиња, се прават гранули коишто потоа се користат во производството, а со пиролиза може да се добие и гориво.
Најголемиот дел од гумите се рециклираат на подрачјето на Војводина.
Фото:Pexels