Volocopter, хеликоптер и дрон во исто време

92

volocopter

Volocopter VC 200 на компанијата E – Volo претставува симбиоза на хеликоптер и беспилотно летало (дрон), пишува Engadget.

Станува збор за германски изум во форма на 18-роторско летало со посада од луѓе коешто се управува со далечински управувач. Volocopter е производ на неколкугодишни технолошки истражувања и се очекува да направи пресвртница во овој сегмент.

Минатата недела ова летало го имаше првиот пробен лет, којшто иако не беше долг ја демонстрирал стабилноста на Volocopter.

Дизајнерите имаат уште многу работа додека да може ова летало да ја достигне максималната брзина од 100 километри на час, но од компанијата се оптимисти и уверуваат дека нивниот Volocopter ќе значи вистинска револуција во користењето на дроновите и хеликотерите заедно.