Вози Мини со три дисциплини – наградна игра на Халкбанк

47

header_nagradna_igra_mk

Халкбанк организира наградна игра што започнува денеска, а ќе трае до крајот на ноември оваа година. Главна награда ќе биде Mini One автомобил, соопштуваат од банката.

Право на учество во наградната игра ќе имаат клиентите кои се корисници на овие производи на Халкбанк: MasterCard Debit Contactless дебитна платежна картичка; услуга електронско банкарство (без надомест до крајот на 31.01.2018 година) и СМС инфо услуга (без надомест до крајот на 31.01.2018 година).

Оние кои веќе ги користат сите три горенаведени производи на Халкбанк, сè што треба да направат е да поминат во било која филијала на Халкбанк и да пополнат Изјава за согласност за учество во наградната игра со којашто стануваат потенцијален добитник на Мини Оне или некоја од останатите награди (iPhone 7, Samsung таблети).

Доколку не сте корисник на некој од горенаведените производи/услуги, имате можност да аплицирате за истите во било која филијала на Халкбанк, истовремено пополнувајќи ја и Изјавата за согласност за учество во Наградната Игра најдоцна до 30.11.2017 година.