Seavus Едукативниот и Развоен Центар и Seavus Александрија ги нудат најсовремените студиски програми преку трите Aкадемии за: Програмирање, Дизајн и Компјутерски Мрежи, за кои се активни попусти за рани уписи до 20 Август.
Во насока за дополнување на актуелната, атрактивна програма, Seavus Едукативниот и Развоен Центар ќе презентира модул кој од октомври ќе биде достапен за новозапишаните студенти, наменет за оптимално комбинирање на методологијата на учење симултано со реална работа на проекти.
Констелацијата претставува напредна верзија на имплементација на реална бизнис околина во поглед на работни обврски, рокови за реализација, маркетинг кампањи, како и надомест за сработеното. Во светот овој модел е познат под името Бизнис Симулатор, а во Македонија за прв пат ќе го воведе Seavus Едукативниот и Развоен Центар во соработка со партнери од неколку европски држави како дел од IME (Increasing Market Employability) проектот.