Weekend Media Festival, најголемиот комуникациски фестивал во регионот, доби своја картичка во хрватското издание на омилената семејна игра Монопол. Во создавање на хрватското издание на оваа легендарна игра, којашто од 1935 година ја играат повеќе од милијарда луѓе во 114 земји во светот, учествуваа жители на Хрватска давајќи свои предлози што би сакале да видат на неа. Така, меѓу најголемите хрватски градови и острови, популарните културни знаменитости и природните убавини, свое место доби и картичка обележана со Weekend Media Festival.
“Ме израдува информацијата дека Weekend се најде во Монопол. Тоа само го потврдува тоа што ние одамна го знаеме: Weekend е фестивал што не се пропушта“, изјави Томо Рицов, директор на фестивалот.
Ова е големо признание за фестивал што се одржува 12-та година по ред и којшто ги покажува најновите трендови и предизвици што нè очекуваат во комуникациската индустрија. Освен што е неизбежен настан, не само помеѓу бројните експерти од индустријата за комуникации и маркетинг, Weekend доби и нова генерација на посетители и со тоа што стана неизбежен дел од друштвената игра Монопол.
“Weekend постои толку долго што имаме и нова генерација на посетители. Бројот на деца коишто го посетуваат фестивал се зголемува од година во година, па сосем нормално е да ги запознаеме децата на нашите пријатели и соработници, како и нашите деца со тоа што се случува на Weekend. Бев воодушевен кога Нина, ќерка на наша продуцентка, прати фотографија од картичка од Монопол со Weekend. И јас како дете со брат ми и татко ми направив наша верзија на Монопол којшто стана хит во населбата каде што растев“, рече Борис Ковачек, извршен директор и продуцент на фестивалот.
Weekend годинава ќе се одржи од 19ти до 22-ри септември во Ровињ. На 12-от Weekend Media фестивал се очекува рекорден број на посетители, интересни панели, атрактивни предавачи и најдобра забава во текот на сите три дена. Новина е и Weekend пакетот којшто овозможува резервација на сместување и котизација. Освен тоа, сите маркетари своите дела можат да ги пријават на осмиот по ред BalCannes, a најдобрите дигитални изработки ќе ги претстави најважната регионална дигитална награда – SoMo Borac.
За повеќе информации на следниов линк wekendmediafestival.com.