Yura гради нова фабрика во Лесковац, вредна 40 милиони евра

47

pexels-photo-392031

Фото: Pexels

Kорејската компанија Yura гради нова фабрика во Лесковац, во којашто ќе бидат инвестирани 40 милиони евра, пишува Jugmedia.

Според градоначалникот на Лесковац Горан Цветан, корејскиот инвеститор ќе гради фабрика во стилот на “хируршка“ сала, којашто ќе биде една од најмодерните во Европа.

“Yura гради фабрика од 40 милиони евра, нешто слично на стерилизатор, или хируршка сала. Во тие 900 метри квадратни, нема да може да влезе ни прашина.“

Корејската компанија ќе има свои донации за Општата болница, Здравствениот дом и гимназијата во Лесковац во вредност од 5,5 милиони динари.