За над 30% намален бројот на издадени одобренија за градење во октомври

53

Фото: Pexels

Во октомври оваа година се издадени 276 одобренија за градење, што е за 31% помалку во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5.815.745.000 денари, што е за 45,7% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 158 (57,2%) се наменети за објекти од високоградба, 48 (17,4%) за објекти од нискоградба и 70 (25,4%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 276 објекти, на 157 (56,9%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 119 (43,1%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.591 стан, со вкупна корисна површина од 116.486 метри квадратни.