Започна бербата на вишни во Малешевијата

92

2-22Викендов на подрачјето на општините Делчево, Пехчево и Берово започна бербата на вишните. По бербата тие се транспортираат и се складираат во коморите на Ладилникот на Комбинатот Рудине.

“Задоволни сме од квалитетот и квантитетот на годинашниов род и од  субвенциите што ги добиваме од Владата”, изјави Љубица Трајановска – Гоцевска.

Понудата и побарувачката ја диктираат откупната цена на вишните. Со оглед на тоа дека годинава родот е обилен цената за килограм вишни од прва класа е пониска од минатогодишната и изнесува 28 денари.

Последниве неколку години на ова подрачје, кое има одлични почвено-климатски услови за развој на овоштарството, подигнати се стотици хектари со нови насади под вишна.