Започнува Златно Тркало 2021 – објавена долгата листа

90

Второто издание од Националниот избор на најпосакуван автомобил во Македонија ги започнува своите активности. Организаторите ја објавија листата на новитети од која импортерите ќе можат пријават учесници

По успешното прво издание, организаторите на изборот Златно Тркало, во соработка со импортерите на нови автомобили во Македонија, ја оформија листата на новитети за второто издание на Националниот избор на најпосакуван автомобил. Тоа се возила кои пристигнаа или ќе пристигнат на македонскиот пазар непосредно пред почетокот на гласањето, од кои импортерите ќе можат да ги пријават своите адути-учесници. Од дадените пријави, ќе се оформи листа во петте категории, а сите Вие ќе можете да гласате за Вашите фаворити.

Новитет оваа година ќе биде категоријата Најпосакуван премиум автомобил, каде секако ќе се најдат кандидатите од премиум сегментот.

И оваа година организатор на настанот е Авто Плус, заедно со CarClub, CarsByVik и PRM.mk

Наскоро по пријавата на кандидатите, ќе биде објавена финалната листа на учесници кои ќе конкурираат за наградите Златно Тркало, а за секој кандидат ќе биде обезбедена вест, пост и/или видео со мислење, како и сите останати организатори.

Секако, на централниот сајт www.zlatnotrkalo.mk ќе бидат поставеи на гласање финалистите, а Вие ќе треба да го дадете Вашиот глас во сите категории. Дел од оние што гласаат ќе бидат поканети и на финалното гала доделување на наградите кое ќе се одржи во текот на годината.

Преземено од Avtoplus.mk