
Застојот во исплатата на средствата од ИПАРД програмата ќе предизвика одложување или нереализирање на планираните инвестиции. Ова ќе има сериозни последици не само врз примарното земјоделско производство каде договорите за користење на овие средства се веќе потпишани, а средствата не се исплатени, туку и врз преработувачите кои нема да можат да го реализираат планираното производство и извоз. Земјоделците бараат сè додека се стопирани средствата од ИПАРД каматата за земените кредити да ја плаќа државата.
Стопирањето на средствата од ИПАРД Програмата предизвика загриженост и кај земјоделците и кај преработувачите. Земјоделците велат дека неизвесно ќе биде враќањето на 50 отсто од средствата за инвестицијата кои се кофинансираат преку ИПАРД Програмата.
-Ако се стопира ИПАРД Програмата највеќе ќе бидат оштетени земјоделците. Многу имаат земено кредити од ИПАРД за механизација, објекти, преработувачки капацитети…. Поради тоа мора да се реши прашањето кој ќе ја плаќа каматата на земените кредити сè додека не почне исплатата на средствата од ИПАРД. Ние предлагаме тие 2-3 години додека се стопирани средствата каматата наместо земјоделците да ја плаќа државата, бидејќи земјоделците кога аплицирале за оваа Програма ги исполнувале сите услови. Ако проектот чини 20 илјади евра, 10 илјади плаќа земјоделелцот, а 10 илјади се од ИПАРД, што значи дека земјоделецот земал кредит од 20 илјади евра. Значи земјоделецот вложил средства во висина од 100 проценти, а враќањето на 50 проценти од инвестицијата сега станува неизвесно, изјави за „Локално“, Ристо Велков – претседател на Сојуз на земјоделци од Струмица.
Тој појаснува дека стопирањето на ИПАРД средствата ќе ги погоди и преработувачите. Така на пример некои отвориле фабрики за праработка и вложиле 50 или 100 илјади евра, тука не е проблем само каматата, туку неможе да откупува производи од земјоделецот, а преработените производи не може да ги извезува. Што значи во загуба ќе бидат и земјоделците и откупувачите.
Целиот текст на Локално.мк












