Зголемен бројот на издадени одобренија за градење во декември

44

Фото: Pixabay

Во декември 2018 година се издадени 292 одобренија за градење, што е за 13,6% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8.519.871.000 денари, што е за 392,4 % повeќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 172 (58,9%) се наменети за објекти од високоградба, 42 (14,4%) за објекти од нискоградба и 78 (26,7%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 292 објекти, на 185 (63,4%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 107 (36,6%) објект инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 331 стан, со вкупна корисна површина од 37.669 метри квадратни .