Во ноември 2018 година се издадени 292 одобренија за градење, што е за 27,5% повеќе во однос на истиот месец од претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.942.350.000 денари, што е за 80,1% повeќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 144 (49,3%) се наменети за објекти од високоградба, 52 (17,8%) за објекти од нискоградба и 96 (32,9%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 292 објекти, на 167 (57,2%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125 (42,8%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 717 станови, со вкупна корисна површина од 47.289 метри квадратни.