Фото: Pexels
Во октомври оваа година се издадени 400 одобренија за градење, што е за 37,5% повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.991.579.000 денари, што е за 41,3% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 245 (61,3%) се наменети за објекти од високоградба, 38 (9,5%) за објекти од нискоградба и 117 (29,2%) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 400 објекти, кај 282 (70,5%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а кај 118 објекти (29,5%) инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 929 станови, со вкупна корисна површина од 74.963 метри квадратни.