Зголемен бројот на работници во индустријата во јануари

46

industriski-motor

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во јануари, во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,4%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст од 1,2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,7%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,6%, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,4%, Капитални производи за 5,5% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,3%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2%.