Зголемен бројот на работници во индустријата во март

33

industrija-ventili-pixabay

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во март оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 0,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст од 0,7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 0,1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,6%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2017 година, во однос на март 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 1,2%, Капитални производи за 7,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,4%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2017 година, во однос на периодот јануари – март 2016 година, е зголемен за 0,3%.