Зголемен бројот на работници во индустријата во септември

33

Фото: Pixabay

Бројот на работници во индустријата во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, е зголемен за 4,3%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст од 2,1%, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,4%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2018 година, во однос на септември 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,3% и Капитални производи за 17,2%, кај Нетрајни производи за широка потрошувачка е на исто ниво додека опаѓање бележи кај Енергија за 0,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 2%.

Бројот на работници во индустријата во периодот јануари – септември 2018 година, во однос на периодот јануари – септември 2017 година, е зголемен за 6,8%.