Зголемен бројот на туристи и ноќевања во октомври

34

Бројот на туристите во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 1,3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупниот број на туристите во октомври изнесува 62.079, а бројот на ноќевањата изнесува 143.807.

Зголемување од 14,3% има кај домашните туристи во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, додека намалување од 4,8% е забележано кај бројот на странски туристи. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, е зголемен за 13,5%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 2,3%.

Во периодот јануари – октомври 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
туристите е зголемен за 5,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3%, а кај странските има
зголемување за 6,9%.

Во периодот јануари – октомври 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на
ноќевањата е зголемен за 2% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0,2%, а кај странските има
зголемување за 5,4%.