Бројот на туристи во април оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 5%, а бројот на ноќевања е зголемен за 0,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на туристите во април 2014 година изнесува 44.478, а бројот на ноќевањата изнесува 94.033.
Бројот на домашните туристи во април 2014 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 12,4%, а бројот на странските туристи е зголемен за 1,1%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2014 година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 2,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е намален за 1%.
Во периодот јануари – април 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 8,4%, а кај странските има зголемување за 0,3%. Во периодот јануари – април 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2,2% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3,4%, а кај странските има зголемување за 1,2%.