Фото: Pixabay
Прометот во индустријата во јануари оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 6,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 10%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 9,3%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи опаѓање од 1,1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,5%.
Според главните индустриски групи, прометот во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,2% и Капитални производи за 12,2%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 4,3% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,8%.
Прометот во индустријата во јануари 2017 година, во однос на декември 2016 година, е намален за 0,6%.