Зголемен прометот во индустријата во мај

43

industrija-ventili-pixabay

Фото: Pixabay

Прометот во индустријата во мај оваа година, во однос на истиот период лани, е зголемен за 13,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во мај 2017, во однос на мај 2016 година, бележи пораст од 4,1%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 15,3%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи пораст од 99,5%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,4%.

Според главните индустриски групи, прометот во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 15,3%, Капитални производи за 14,8%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,3%.

Прометот во индустријата во мај 2017 година, во однос на април 2017 година, е зголеме за 13,4%, додека во периодот јануари – мај 2017 година, во однос на периодот јануари – мај 2016 година, е во пораст од 9,1%.