Зголемен прометот во индустријата во ноември

80

strafovi-industrija-pixabay

Фото: Pixabay

Прометот во индустријата во ноември лани, во однос на истиот период во 2016 година, е зголемен за 2,6%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во ноември 2017, во однос на ноември 2016 година, бележи опаѓање од 7,2%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 4,9%.

Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст од 5,4%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,6%.

Според главните индустриски групи, прометот во ноември 2017 година, во однос на ноември 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4 и Капитални производи за 4,6%, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,5%.

Прометот во индустријата во ноември 2017 година, во однос на октомври 2017 година, е непроменет, додека во периодот јануари – ноември 2017 година, во однос на периодот јануари – ноември 2016 година, е зголемен за 6,3%.