Фото: Pexels
Прометот во индустријата во октомври 2017 година, во однос на претхорниот месец, е зголемен за 5,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во октомври 2017, во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 5,6%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 8,5%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи опаѓање од 3,1%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 6,1%.
Според главните индустриски групи, прометот во октомври 2017 година, во однос на октомври 2016 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,4%, Капитални производи за 7,2%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,4% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4%.
Прометот во индустријата во октомври 2017 година, во однос на септември 2017 година, е намален за 1,8%, додека во периодот јануари – октомври 2017 година, во однос на периодот јануари – октомври 2016 година е зголемен за 6,6%.