Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во март 2020 година, во споредба со март 2019 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 3,5%, а реално за 1,8%).
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 12,7%, а реално за 13,1%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 4,6%, а реално за 5,6%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 28,3%, а реално за 23,6%).
Фото: Pixabay